Како што јави Хрватската радио телевизија (ХРТ), станува збор за маж што престојувал во Италија и Шпанија
Во Хрватска вчера е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ).
Како што јавува медиумот, станува збор за маж што престојувал во Италија и Шпанија. Лицето има поблаг облик на мајмунски сипаници и не е хоспитализиран, туку е во домашна изолација.
Сомнежот за болеста е потврден со ПЦР-тест.