Првиот вицепремиер Артан Груби напиша реакција откако премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел го одби францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, во таква форма како што е предложен
Процесот на интеграција не смее да биде заложник на билатерални прашања и да се киднапира од менталитетот на деветнаесеттиот век. Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век, напиша на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер Артан Груби, откако премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел го одби францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, во таква форма како што е предложен.
„Го споделувам и поддржувам ставот на премиерот Ковачевски во однос на билатералниот дијалог со Бугарија и евроинтегративниот процес. Носењето на одлуки во Европската унија мора да претрпи длабоки реформи без одлагање.Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век“,
напиша Груби.