Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“, информираат од ОЈО Битола.
„Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство“,
се вели во соопштението.
Од Јавното обвинителство додаваат и дека со цел откривање на сторителите, веднаш ќе се издадат наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери, но и на околните камери.
Претходно и од МНР го осудија вандалскиот чин и истакнаа дека сторителите ќе бидат санкционирани.