Владата во Рим планира и привремено враќање на работа на пензионирани лекари
Во Италија дополнително ќе бидат вработени околу 20 илјади здравствени работници за справување со ситуацијата со коронавирус.
Италијанската влада денеска донесе одлука бројот на кревети во болничките оддели за интензивна нега да го зголеми од пет илјади на 7.500. легла.
Планирано е вработување на пет илјади лекари специјалисти, 10.000 медицински сестри и пет илјади негуватели.
Владата планира и привремено вработување на пензионирани лекари. Новите мерки предвидуваат и претворање, по потреба, на некои хотели во приемни центри за лица во карантин.
Во Италија од петок до сабота се регистрирани нови околу 1250 случаи на заразени од коронавирусот. Бројот на заразени со вирусот се искачи од 4636 на 5883, што е пораст за 1247 случаи, јавува Анса. Бројот на починати, пак, изнесува 233 лица, што е пораст за 36 за еден ден.
Со Ковид-19 е заразен и лидерот на италијанската Демократска партија, Никола Зингарети, кој денеска на Фејсбук информира дека се чувствува добро, но мора да мирува во својот дом.