За ревизорскиот извештај на Собранието, сметка на основен буџет (637), утврдено е дека Собранието не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој е сместено и ги извршува своите функции и воспоставена е делумна сметководствена евиденција за книгите со кои располага Собранието
Ако е спорно прашањето за имотниот лист, тогаш како е дадена дозвола за надградба, доградба и адаптација на објектот на Собранието во периодот од 2009 до 2016 година, реагираат од Собранието
Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска на својата на вебстраницата ги објави ревизорските извештаи за Собранието на Република Северна Македонија, поточно три сметки.
Од ДЗР информираат дека за ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација – Програма за поддршка на Парламентот (785- 60) изразиле мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Наведуваат дека не се добиени забелешки на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор.
За ревизорскиот извештај на Собранието, сметка на основен буџет (637), утврдено е дека Собранието не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој е сместено и ги извршува своите функции и воспоставена е делумна сметководствена евиденција за книгите со кои располага Собранието.
Меѓу клучните препораки е да продолжат активностите за запишување на правото на сопственост/
користење на имотот со кој располага Собранието и се препорачува целосна евиденција на книгите.
Во ревизорскиот извештај се наведува дека клучни системски слабости се доуредување на регулативата во однос на: основицата за плата на избрани и именувани лица, ангажманот на надворешни соработници, отсуствата на пратеници и надоместокот на трошоци за патарини.
Со ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација од Швајцарска Конфедерација (785-40), нема утврдено препораки и системски слабости, а изразено е мислење без резерва за
вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики.
Не се добиени забелешки на Нацрт извештајотна овластениот државен ревизор.
Реакција
Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2020 година е уште една потврда за успешното и транспарентно работење и менаџирање на Собранието, во согласност со законските прописи, се вели во рекацијаат од Собранието.
„Извештајот нотира дека финансиските извештаи ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Собранието на Република Северна Македонија на сметката на основен буџет (637) на ден 31 декември 2020 година, како и резултатите од финансиските активности за годината која завршува со тој датум, во согласност со важечката законска регулатива. ДЗР посочува дека активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи, во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“,
се вели во соопштението.
Со оглед на тоа што Извештајот на ДЗР дава мошне објективна и позитивна слика за работењето на Собранието на Република Северна Македонија, велат од Собранието, не дале никакви забелешки во однос на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеноста за 2020 година на СРСМ.
Во врска со забелешката каде што СРСМ не е запишано како носител на правото на трајно користење на недвижна ствар – (зградата на СРСМ и земјиштето под и околу зграда) во соодветните имотни листови во АКН, од Собранието велат дека согласно член 18 став 1 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Владата на РСМ со одлука може времено или трајно да ги даде на користење, со или без надоместок на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации, за што веќе се преземни соодветни активности и во постапка е запишување на правото на трајно користење на зградата и земјиштето под и околку зградата, за што и во ревизорскиот извештај ДЗР дава препорака да се продолжи со веќе отпочнатите активности.
„Всушност, ако е спорно прашањето за имотниот лист, тогаш како е дадена дозвола за надградба, доградба и адаптација на објектот на Собранието во периодот од 2009 до 2016 година“,
прашуваат од Собранието.