Бројот на активни ковид-случаи во моментов во земјава изнесува 582
Во текот на изминатите 24 часа направени се 1 062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19, од кои 14 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје – 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1.
Ниту во текот на минатото деноноќие, ниту според Регистарот на на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се пријавени починати лица.
Регистрирани сe 91 оздравен пациент од: Скопје – 67, Битола – 10, Прилеп – 3, Кавадарци – 2, Охрид, Штип, Куманово, Кочани, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Дебар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2 051 008 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311 701, бројот на оздравени пациенти е 301 819, на починати е 9 300, а бројот на активни случаи изнесува 582.