Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово е почувствуван во Македонија, а епицентарот е регистриран на 8 километри источно од градот Тетово, соопшти европскиот сервис ЕМСЦ.
Земјотресот бил со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 2 километри.
Според податоците, земјотресот се случил во 9 часот и 11 минути и е почувствуван низ целиот западен дел од земјава, како и во Скопје.