Во Украина веќе се одржа првото судење за руски воени злосторства, при што доживотна затворска казна доби 21-годишен руски војник
Главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова изјави за „Вашингтон Пост“ дека во Украина се истражуваат повеќе од 13 000 случаи за наводни руски воени злосторства од почетокот на војната во оваа земја.
Според овие информации, вчерашната проценка била околу 11 000 случаи, што сугерира дека бројката брзо расте.
За потсетување, украинскиот суд денеска осуди руски војник на доживотна затворска казна поради убиство на невооружен цивил.
Станува збор за прво судење за воени злосторства од почетокот на руската воена инвазија на 24 февруари.
21-годишниот Вадим Шишимарин призна вина за убиство на 62-годишниот Олександар Шелипов во украинскиот село Чупахивка на 28 февруари.
Шишимарин во текот на судењето изјави дека добил наредба да пука и побара прошка од сопругатана починатиот.