Советник на руската мисија при канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) во Женева, Борис Бондарев, потврди за „Ројтерс“ дека ја напушта својата функција поради војната во Украина.
41-годишниот Бондарев рекол дека „никогаш не се срамел толку од својата земја“ и „агресивната војна на претседателот Путин“, пренесува „Скај Њуз“.
„Како државен службеник морам да сносам дел од одговорноста за тоа, а не сакам да го правам“,
рекол Бондарев.
На прашањето дали некои од неговите колеги се чувствуваат исто, тој рекол деека не се сите руски дипломати провоено настроени.
„Отидов на работа како и секој друг понеделник. Утрото доставив писмо со мојата оставка и си заминав“,
изјави тој за Ројтерс, а пренесува Гардијан.