Денови на хуманост на кои ќе се собира помош за бегалците од воените жаришта во Украина ќе се организираат во „Мош бар“ во Скопје од 25 до 27 мај.
Во оваа хуманитарна акција, граѓаните може да донираат облека, храна, производи за хигиена … Деновите на хуманост ќе завршат со забава во петокот (27 мај) за што влезницата ќе чини 100 денари. Собраните пари ќе се искористат да им помогне на Украинците.
„Сега имаме вистинска можност да им помогнеме на луѓето кои како бегалци од воените жаришта престојуваат во нашата држава. Од 25 до 27 мај ги повикувам сите пријатели да се вклучат и да помогнат на загрозените украински граѓани со донирање на облека, храна, производи за хигиена или пак додатоци во исхраната кои може да се донесат во ’Мош бар‘ во Центар. Деновите на хуманост ќе завршат со хуманитарна забава во ’Мош‘ во петок 27 мај. Каде со секоја влезница од симболични 100 денари ќе можеме заеднички да собереме средства за оние кои ги изгубиле своите домови и сè што имале и создавале во Украина“,
вели заменик народниот правобранител, Јован Андоновски.