Повредените се префрлени во охридската болница
Три лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на планинскиот превој Буково.
Според првичните информации, во незгодата учествувале три возила, а причинета е и материјална штета.
Повредените, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се префрлени во Општата болница-Охрид и во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“.
Полициски екипи извршија увид на местото на незгодата поради што сообраќајот беше во прекин, а по 15 часот е нормализиран во двата правци.