Иако се уште се чека официјалната реакција на Обвинителството за организиран криминал и Одделот за високотехнолошки криминал, министерот за внатрешни работи Александар Вулин тврди дека целта на сите напади е Србија да носи одлуки под притисок и страв
Од друга страна, експертите за сајбер безбедност се повнимателни
Од 258 основни и средни училишта во Белград, 173 вчера попладне по електронска пошта добиле известување за поставената бомба.
На експертите им требале по неколку часа за детално да ги проверат објектите – училиштата се меѓу три и пол, четири илјади, до осум, десет илјади квадрати, а се гледа буквално секој шкафче и секоја клупа.
Некаде проверките продолжија и денеска, поради што, во 88 училишта наставата денеска се одржала онлајн.
Министерот за образование Бранко Ружиќ вели дека нема доволно антидиверзантски екипи, но работеле и во текот на ноќта. Според него се работи за хистерија со политичка заднина.
„Децата не можат и не смеат да бидат цел на ничија политичка цел и во таа смисла навистина правиме се што можеме на некој начин да ја неутрализираме оваа несекојдневна ситуација“,
рече Ружиќ.
Иако се уште се чека официјалната реакција на Обвинителството за организиран криминал и Одделот за високотехнолошки криминал, министерот за внатрешни работи Александар Вулин тврди дека целта на сите напади е Србија да носи одлуки под притисок и страв.
„Против Србија се води специјална војна.Од разни европски земји доаѓаат закани на адреси на институции, весници, фирми. Нападите врз нашата држава не се иницирани или извршени од ниту еден поединец, тие се масовни, организирани и ‘многу скапи хакерски напади, спроведени од различни центри за хибридна војна’“,
вели Вулин.
Сличен став има и премиерката Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека честите дојави за бомби се притисоци кои се вршат од странство поради тоа што земјата не воведе санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.
Од друга страна, експертите за сајбер безбедност се повнимателни со своите проценки.
„Немате лесен начин да идентификувате кој ја испратил, особено кога е испратен од некој анонимен сервер, како што е оној од кој е испратен – Yandex или Proton. Единствениот начин на кој можете да дејствувате е да пребарувате преку, да речеме, Европол“,
вели експертот за сајбер безбедност Адел Абусара за Н1.
Експертите објаснуваат дека ако извештајот навистина дошол од руска или швајцарска мрежа, не значи дека е испратен од територијата на една од тие земји.
Може да биде, а не мора. Можете да ја прикажете Ај Пи адресата што ја сакате, велат сајбер-експертите за безбедност.
Тие се согласуваат дека се работи за кривично дело и ширење страв.
Содржината на пораката е веќе видена?
Н1 објавува дека содржината на пораката што ја добиле основните и неколку средни училишта во Белград, во врска со поставувањето на бомбата, е слична на пораката на Тимур Бекмансуров во пресрет на нападот на Универзитетот во Перм, Русија во септември лани.
„Чудно чувство на смиреност, како да чекаме нормален ден, истата рутина како и секогаш. Се мразиме себеси, но сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот. Чувството дека сè околу неа е сон не остава. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните“,
се вели меѓу другото во мејлот со закана од бомба испратена до училиштата.
izvolte 1 otkriće: dojava o bombama u beogradu je prevedena objava napadača u permu 2021.
— Milica Jovanović (@PlaceSoft) May 16, 2022
bgd: Mrzimo sebe, ali želimo da povredimo svakoga ko nam se nađe na putu.
perm: … wrote that he hated himself and wanted to hurt anyone who came in front of him
ima još ⤵️
Во Белград веќе со денови пристигнуваат дојави за бомби во основни и средни училишта, мостови, трговски центри, аеродром „Никола Тесла“…
Дојавите за бомби во училишта, трговски центи и аеродроми во Србија, кои се случуваат изминатиот месец, се окарактеризирани како тероризам.
Поради дојавите за лажни бомби во трговските центри, Србија најави дека ќе побара меѓународна помош.