На Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН) донесена е одлука Чешка да го презеде местото на Русија во Советот за човекови права, а претставници на 157 земји гласаа „за“, додека 23 земји беа воздржани, пренесува Си-ен-ен.
Мандатот на Чешка започнува денеска и истекува на 31 декември 2023 година. Чешка беше единствениот кандидат кој беше земен предвид да ја презеде оваа позиција од Русија.
Генералното Собрание на ОН на 7 април изгласа суспензија на Русија од Советот за човекови права со 93 гласа „за“, 24 против и 58 воздржани.
Во нацрт резолуцијата од 7 април, Генералното собрание на ОН соопшти дека ќе го суспендира правото на членство на Русија во Советот за човекови права, поради грубо и системско кршење на човековите права.