Властите и локалните медиуми информираа дека спасувачите се обидуваат да стигнат до подрумот на хотелот во надеж дека ќе пронајдат уште преживеани лица, пренесе Ројтерс
Бројот на загинати во уништениот хотел „Саратога“, во кој се случи експлозија на гас во кубанската престолнина Хавана порасна на 26 лица, соопштија тамошните власти.
Експлозијата оштетила и две станбени згради, а избувнал и пожар кој се проширил во 17 објекти, во радиус од само два блока.
Рушевини паѓале врз пешаците во подрачјето каде се движат доста луѓе, а локалните власти соопштија дека се повредени 50 возрасни лица и 14 деца, како и дека четири деца се меѓу починатите.
Властите и локалните медиуми информираа дека спасувачите се обидуваат да стигнат до подрумот на хотелот во надеж дека ќе пронајдат уште преживеани лица, пренесе Ројтерс.
Хотелот бил затворен за време на несреќата, а во објектот се наоѓале само работници.