Проблемот е што оваа земја досега инсистираше на воена неутралност, долга 200 години. Најголем дел од несогласувањата доаѓаат од владејачките социјалдемократи, пред сè затоа што не сакаат политички раздор ниту, пак, да го нарушуваат својот рејтинг пред изборите што треба да се одржат наесен
Министерката за заштита на животната средина Аника Страндал, која е и претседател на Сојузниот комитет на женското крило на социјалдемократите, рече дека фракцијата има долга историја по прашањата за мирот, разоружувањето и воените сојузи и би сакале така и да остане
Исто така, процесот на пристапување е комплициран сам по себе. Најпрво МНР треба да излезе со документ за ставот, потоа коалициската влада да донесе одлука најдоцна до 24 мај
Шведска до 13 мај треба да одлучи дали ќе поднесе барање за членство во НАТО. Иако анкетите покажуваат дека мнозинството од населението во земјата сака да биде дел од Алијансата, земјата може да се соочи со сериозни проблеми на патот до аплицирање.
Комплицирана процедура
Имено, претставниците на сите партии во парламентот треба да се договорат за влез во Алијансата. Проблемот е што оваа земја досега инсистираше на воена неутралност, долга 200 години. Најголем дел од несогласувањата доаѓаат од владејачките социјалдемократи, пред се затоа што не сакаат политички раздор, ниту пак да го нарушуваат својот рејтинг пред изборите што треба да се одржат наесен.
Министерката за заштита на животната средина, Аника Страндал, која е и претседател на Сојузниот комитет на женското крило на социјалдемократите, рече дека фракцијата има долга историја по прашањата за мирот, разоружувањето и воените сојузи.
„Ние во федералниот комитет одлучивме да се држиме до тоа Шведска да остане воено неврзана и да остане надвор од НАТО“,
рече Страндал.
Исто така, процесот на пристапување е комплициран сам по себе. Најпрво МНР треба да излезе со документ за ставот, потоа коалициската влада да донесе одлука најдоцна до 24 мај.
Зошто сè уште е поголема веројатноста да аплицира?
Финскиот претседател Саули Ниниште изјави дека ќе ги изнесе своите ставови до 12 мај, давајќи си време да го чека говорот на рускиот претседател Владимир Путин на Денот на победата на Русија на 9 мај, откако Москва се закани со огромни последици доколку НАТО ги прифати Финска и Шведска како членки.
Од друга страна, постојат факти кои укажуваат дека сите овие пречки ќе бидат надминати. Пред сè, дојде до ненадејна промена во финското јавно мислење за Русија по инвазијата на Украина, а сега граѓаните на оваа земја немаат доверба во Русија со која Финска ја дели границата долга 1 330 километри.
Исто така, анкетите во финскиот парламент покажуваат дека речиси две третини се за членство во НАТО.
Владејачките фински социјалдемократи треба да одржат дебата на 14 мај. Дотогаш, парламентот ќе разгледува анализи за планот, но и испитувања на јавното мислење кои покажуваат расположение на граѓаните за членство.
Според проценките, таа поддршка би се зголемила на 80 отсто доколку и премиерката Сана Марин и претседателот го поддржат членството.
Зошто сакаат влез во НАТО?
Причината е повеќе од јасна. Поради безбедносната криза која владее, Шведска, но и Финска, која исто така ќе аплицира, сакаат да имаат одредени гаранции дека земјите-членки на НАТО ќе ги бранат во периодот на транзиција.
Ратификацијата може да потрае една година бидејќи е неопходно парламентите на сите 30 земји членки на Алијансата да одобрат прием на нови членки.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека земјите можат „брзо“ да се приклучат и дека е сигурен дека може да се најдат аранжмани за периодот на транзиција.
САД и Велика Британија веќе и ветија на Шведска зголемено воено присуство, подобро организирани воени вежби и силна политичка поддршка од земјите на НАТО, за време на евентуалниот процес на аплицирање за членство во НАТО.
НАТО ќе го зголеми своето присуство на границите на Шведска и на Балтичкото Море, во време кога се обработува потенцијалната апликација на оваа земја за членство во Алијансата, изјави денеска за шведската телевизија СВТ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.