Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од страна на Јавното обвинителство, генералниот секретар на Владата поднесе оставка, таа во истиот момент беше прифатена и на наредна седница е именуван нов, одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање поставено од Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири
Не толерирам никого, без разлика на неговата политичка припадност, и се придржувам до тоа. Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од страна на Јавното обвинителство, генералниот секретар на Владата поднесе оставка, таа во истиот момент беше прифатена и на наредна седница е именуван нов, одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање поставено од Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири.
Тој посочи дека за сите понатамошни прашања, со оглед на тоа Обвинителството и судството се независни, пратеникот може да добие одговори од таму, доколку се води судска постапка.
Ковачевски понатаму, обраќајќи му се на Лефков, рече дека е претставник на политичка партија која има пресуди за злосторничко здружување и е синоним за, како што рече, криминал и корупција.
„Тоа го потврдуваат судски пресуди во кои се осудени и обвинети функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и нивни признанија пред македонските судови. Со судските одлуки за ‘Титаник’, за ‘Плацови на Водно’, ‘Тенк’ и многу други е потврдено дека постоело здружување, организирано перење пари, незаконско богатење преку криминални офшор-шеми, изборни измами, криминализација на изборниот процес. Затворски пресуди веќе има за предметот ‘Тврдина’, за масовно прислушување и кршење на човекови права“,
рече Ковачевски додавајќи дека тројца секретари на ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи, имаат признаено вина и потврдија дека ова е правено во партијата.
.