Во кусото партиско соопштение се наведува дека на средбата биле и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји кој е во посета во земјава, попладнево се сретна и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во кусото партиско соопштение се наведува дека на средбата биле и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски.

„На средбата Мицкоски истакна дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од било која страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност. На средбата се разговараше за актуелната политичка-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините“,
се вели во соопштението.