Претходно, и Шведска протера тројца руски дипломати од својата територија
Руското Министерство за надворешни работи соопшти оти Русија денеска протерала тројца шведски дипломати откако претходно Шведска се одлучи на истиот чекор и од земјата протера тројца руски дипломати.
„Шведскиот амбасадор беше информиран дека Русија одлучи да прогласи за нон грата тројца дипломати од шведската амбасада во Москва“,
се вели во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.
Во исто време руското Министерство протестираше против протерувањето на тројца руски дипломати од Стокхолм и за давањето воена помош за Украина.