На француските претседателски избори пред пет години Макрон убедливо ја победи Ле Пен со 66 отсто од гласовите. Пред овогодинешните избори, пак, предизборните анкети покажуваат оти разликата во гласовите помеѓу Макрон и Ле Пен би била значително намалена во однос на изборите од 2017 година
Од 1974 година во Франција постои традицијата помеѓу двата изборни круга финалистите да имаат телевизиски дуел кој може да биде одлучувачки
Актуелниот претседател на Франција, центристот Емануел Макрон, и лидерката на екстремната десница и кандидатка за претседател, Марин Ле Пен, вечерва ќе се соочат во телевизиски дуел, во пресрет на вториот круг од претседателските избори закажан за 24 април, пренесе АФП.
Од 1974 година во Франција постои традицијата помеѓу двата изборни круга финалистите да имаат телевизиски дуел кој може да биде одлучувачки.
На француските претседателски избори пред пет години Макрон убедливо ја победи Ле Пен со 66 отсто од гласовите. Пред овогодинешните избори, пак, ситуацијата е поинаква оти предизборните анкети покажуваат дека разликата во гласовите помеѓу Макрон и Ле Пен би била значително намалена во однос на изборите од 2017 година.
Вториот круг од претседателските избори во Франција ќе се одржи в недела, на 24 април, во време кога во Украина владее воен конфликт, а во пресрет на француското шестмесечно претседателство со Советот на Европската Унија.