Повеќе од половина активни случаи се во Скопје – 431. Битола е втора по бројот на активни со 126 случаи, додека Крива Паланка, Дебар, Богданци, Кратово, Македонски Брод и Дојран се местата без ниту еден активен случај
Во последните 24 часа направени се 1 908 теста, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7, Прилеп и Велес – по 5, Струга, Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани се 123 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Битола – 19, Струмица – 7, Кавадарци и Гостивар – по 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија – по 2, Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница – по 1.
Во денешниот ковид-извештај влегуваат и две починати лица кои биле со дијагноза ковид-19. Едното лице било од Скопје (82г), а другото од Охрид (91г). Едниот пациент починал во домашни, а другиот во болнички услови на 2 односно 12 април годинава.
Активни се 802 случаи: Повеќе од половина во Скопје
бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308 878, бројот на оздравени пациенти е 298 811, на починати е 9 265, а бројот на активни случаи изнесува 802.
Состојбата по градови е следна:
- Скопје 145 163, Активни 431
- Куманово 16 613, Активни 9
- Битола 15 170, Активни 126
- Прилеп 14 117, Активни 37
- Тетово 13 445, Активни 13
- Кавадарци 10 607, Активни 23
- Велес 9 747, Активни 31
- Гостивар 9 571, Активни 15
- Охрид 8 821, Активни 25
- Струмица 8 046, Активни 15
- Штип 8 002, Активни 14
- Кичево 5 602, Активни 7
- Кочани 5 070, Активни 2
- Струга 4 715, Активни 8
- Гевгелија 4 397, Активни 5
- Неготино 3 674, Активни 7
- Ресен 2 711, Активни 2
- Свети Николе 2 624, Активни 1
- Радовиш 2 527, Активни 6
- Крива Паланка 2 413, Активни 0
- Делчево 1 971, Активни 5
- Дебар 1 673, Активни 0
- Берово 1 646, Активни 8
- Валандово 1 485, Активни 5
- Виница 1 386, Активни 1
- Пробиштип 1 265, Активни 1
- Богданци 1 019, Активни 0
- Кратово 962, Активни 0
- Крушево 926, Активни 1
- Демир Хисар 828, Активни 1
- Македонски Брод 736, Активни 0
- Демир Капија 592, Активни 1
- Македонска Каменица 523, Активни 1
- Пехчево 486, Активни 1
- Дојран 345, Активни 0