Русија му забрани на британскиот премиер Борис Џонсон и други министри да влезат во земјата поради „непријателскиот“ став на Обединетото Кралство за војната во Украина. Москва образложува дека одлуката е донесена како одмазда за санкциите на Обединетото Кралство против неа, откако ја нападна Украина.
Освен премиерот Џонсон, забранет влез има и министерката за надворешни работи Лиз Трас, министерот за одбрана Бен Валас и уште десет други членови на британската влада и политичари.
Џонсон беше во посета на Украина минатата недела, каде на украинскиот претседател Володимир Зеленски му вети дополнителна воена помош.
Во март, Москва воведе слична забрана против американскиот претседател Џо Бајден.