Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“ емитувано на ТВ Алсат на 15 април 2022 година
Независно од барањето на група партии за воведување една наместо актуелните шест единици при изборот на пратеници во Собранието, има ли реални причини да се разгледува евентуална промена на изборниот систем. Ова е темата на дебатата со експерти вклучени во изработка на физибилити студија под палката на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), со поддрша на УСАИД, која треба да ги даде аргументите „за„ и „против“ промена на системот, земајќи ги предвид спецификите на земјава. Во студиото се универзитетските професори Вели Креци, Александар Спасеновски и Гордан Георгиев. Го имаме и ставот на експертката за изборни системи од Романија, Марина Попеску.