Три ракети погодиле станбена област во близина на пристанишниот град Одеса во јужна Украина, изјави локалниот гувернер Максим Марченко во видео објавено на интернет, пишуваат украинските медиуми.
„Руската армија штотуку погоди со три проектили населба во областа Одеса. Нападнат е од ракетниот комплекс Искандер, лансиран од територијата на Крим. Има жртви“,
напиша Марченко на социјалната мрежа Телеграм.
Шефот на воената администрација на Одеса сепак не даде дополнителни детали и за тоа колкав е бројот на жртви при овој напад.
Истовремено, во својата порака Марченко предупредува дека Русите „ќе зажалат за секое лансирање ракети и секој напад извршен врз Украина“.