Починатите биле на возраст од 43 до 76 години и кај сите се регистрирани коморбидитети
Скопје (919) и Битола (178) се единствените градови со трицифрен број позитивни случаи. Пехчево, пак, е единствениот град без ниту еден активен случај, додека во пет града има само по еден активен во моментов

Во последните 24 часа направени се 1 986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Процентот на позитивни од вкупниот број тестирани изнесува околу 10 отсто. Од вкупниот број на позитивни (201), во 37 случаи станува збор за реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово, Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш, Дебар и Кратово – по 1.
Регистрирани се 249 оздравени пациенти од: Скопје – 151, Битола и Кавадарци – по 14, Тетово – 11, Прилеп – 9, Куманово – 7, Кочани и Охрид – по 5, Кичево, Велес, Гостивар и Неготино – по 4, Штип – 3, Гевгелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2, Радовиш, Дебар, Струга,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица од: по едно починато лице од Куманово (75г) и Тетово (83г). Двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид(1), Гостивар (1) и Виница(1), на возраст од 43 години до 76 години.Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 година. Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (5), кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Активни се 1 715 случаи – 919 се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306 178, бројот на оздравени пациенти е 295 237, на починати е 9 226, а бројот на активни случаи изнесува 1 715.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 143 617, Активни 919
- Куманово 16 558, Активни 41
- Битола 14 826, Активни 178
- Прилеп 13 999, Активни 97
- Тетово 13 419, Активни 33
- Кавадарци 10 508, Активни 87
- Велес 9 683, Активни 31
- Гостивар 9 531, Активни 12
- Охрид 8 735, Активни 70
- Струмица 7 998, Активни 16
- Штип 7 972, Активни 15
- Кичево 5 566, Активни 42
- Кочани 5 054, Активни 20
- Струга 4 695, Активни 14
- Гевгелија 4 368, Активни 16
- Неготино 3 658, Активни 9
- Ресен 2 678, Активни 16
- Свети Николе 2 615, Активни 2
- Радовиш 2 516, Активни 12
- Крива Паланка 2 407, Активни 4
- Делчево 1 949, Активни 31
- Дебар 1 671, Активни 12
- Берово 1 637, Активни 3
- Валандово 1 476, Активни 3
- Виница 1 379, Активни 7
- Пробиштип 1 263, Активни 3
- Богданци 1 018, Активни 5
- Кратово 961, Активни 3
- Крушево 922, Активни 9
- Демир Хисар 826, Активни 1
- Македонски Брод 736, Активни 1
- Демир Капија 586, Активни 1
- Македонска Каменица 523, Активни 1
- Пехчево 485, Активни 0
- Дојран 343, Активни 1