Инспекторите од двата државни инспектората кај правните лица констатирале неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка забрана за вршење дејност
На четири локации во Кочани во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршиле претреси, по претходни сознанија дека таму се наоѓаат предмети од тешки кражби, кражби, помагање и загрозување на животна средина.
Како што соопшти МВР, при претреси кај две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои ќе им бидат вратени на сопствениците.
Инспекторите од двата државни инспектората кај правните лица констатирале неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност“. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.