Причина за несреќата е експлозија на метан, по што дошло до уривање во јамата
Експлозија на метан се случи во рудникот „Соко“ во Сокобања. Како што објавија Новости, дваесетина рудари останале заробени во окното.
Неофицијално, има осум загинати рудари, а се стравува дека бројот може да се зголеми.
Во тек е спасувачка операција, а досега се извлечени десет рудари.
Од Брзата помош во Алексинац за српските медиуми потврдиле дека испратиле четири екипи за да им помогнат на повредените.