За ВМРО-ДПМНЕ, резултатите од пописот се нецелосни бидејќи, меѓу другото, 7,2 отсто од населението не се изјаснило по однос на етничката припадност, јазикот и вероисповедта, па затоа оттаму најавуваат оти по преземањето на власта ќе спроведат нов, електронски попис кој ќе биде спроведен во целост
Успешниот попис на СДСМ е 132 илјади Македонци непопишани, 200 илјади раселени, и нераспознавање кои се христијани и православни, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со податоците од пописот кои вчера и беа презентирани на јавноста.
Како што велат во реакцијата, пописот е некомплетен и како таков, додаваат оттаму, не дава целосна слика за популацијата. Додаваат оти по преземањето на власта ќе спроведат нов, електронски попис кој ќе биде целосен.
„ВМРО-ДПМНЕ со таа цел по преземањето на власта ќе спроведе електронски попис, кој ќе биде целосен“,
пишува во писменото соопштение од партијата.
Пописот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, единствено што покажува е тоа дека сè повеќе народ си заминува, а со лошите политики на власта тоа само ќе продолжи.
По вчерашната презентација на резултатите од пописот спроведен во септември лани, ВМРО-ДПМНЕ излезе со оцена дека бројките се поразителни бидејќи покажуваат дека имаме преголемо иселување, но и дека целата статистичка операција е некомплетна бидејќи 7,2 отсто од населението не се изјаснило во однос на етничката припадност, јазикот, вероисповедта.
Повеќе вести поврзани со пописот:
- Објавени резултатите од пописот 2021: Во земјава живеат 1 836 713 лица
- Пописот низ етничка призма: Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 7,2% „непрашани“, 3,8% Турци…
- Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна, најмногу ги има во Скопје, Куманово и Струмица
- Во земјава живеат 3 504 лица што се декларираат како Бугари
- Попис 2021: Скопје има речиси 20 илјади жители и над 50 илјади стана повеќе од 2002 година
- Ковачевски: Пописот содржи релевантни информации
- Ахмети се огласи за пописот: Во Скопје сега има 22,8% проценти Албанци, наспроти од 20,04% во 2002 г.
- Крмов: Левица нема да го признае овој фингиран попис
- Европската комисија за пописот: Големо достигнување