Според последните податоци од пописот, во Скопје живеат 526 502 жители, што споредбено со пописот од 2002 година е за 19 576 лица повеќе, кога во Скопје живееле 506 926 граѓани
Бројот на станови во Скопје, пак, е зголемен за над 50 илјади од 2002 година, односно според пописот од 2021 година во главниот град се попишани 213 850 стана
Населението во Скопје е поголемо за речиси 20 илјади сега отколку во 2002 година, што е за 3,9 отсто повеќе отколку во 2002 година.
Ова го покажуваат податоците од пописот 2021 година, според кој, во Скопје се попишани вкупно 526 502 жители. Тоа, споредено со податоците од пописот во 2002 година покажува пораст на населението во главниот град за 19 576 лица, кога во 2002 година во главниот град биле попишани 506 926 лица.
Според пописот, бројот на домаќинствата во Скопје е зголемен за 16,8 проценти, односно во главниот град се попишани 171 171 домаќинства, што е за 24 605 домаќинства повеќе спредено со пописот во 2002 година, кога во Скопје биле попишани 146 566 домаќинства.
Бројот на станови во Скопје бележи пораст за 30,6 проценти во однос на 2002 година. Според пописот од 2021 година, во Скопје се попишани 213 850 стана, што споредбено со податоците од 2002 година е за 50 105 повеќе, кога во главниот град биле попишании 163 745 стана.
Најголема според бројот на жители е Општина Куманово, каде што се попишани 98 104 жители. Иако најмногубројна, во Општина Куманово е забележан пад на населението во споредба со 2002 година кога биле попишани 105 484 граѓани.
Најмала според бројот на жители, пак, е Општина Зрновци со 2 086 жители. И во Зрновци е забележан пад на населението ако за споредба се земат податоците од пописот во 2002 година, кога во Општината биле попишани 3 264 граѓани.
*Повеќе вести поврзани со пописот:
- Објавени резултатите од пописот 2021: Во земјава живеат 1 836 713 лица
- Пописот низ етничка призма: Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 7,2% „непрашани“, 3,8% Турци…
- Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна, најмногу ги има во Скопје, Куманово и Струмица
- Во земјава живеат 3 504 лица што се декларираат како Бугари
- Попис 2021: Скопје има речиси 20 илјади жители и над 50 илјади стана повеќе од 2002 година
- Ковачевски: Пописот содржи релевантни информации
- Ахмети се огласи за пописот: Во Скопје сега има 22,8% проценти Албанци, наспроти од 20,04% во 2002 г.