Болсонаро неколкупати беше примен во болница откако за време на изборниот митинг во 2018 година беше прободен со нож во стомакот. Оттогаш беше опериран неколкупати, а претседател стана во 2019 година
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е пренесен во болница во главниот град на Бразил на преглед поради проблеми со стомакот, соопштија официјални лица.
Оваа информација за агенцијата АП ја потврди министерот за институционална безбедност, генерал Аугусто Хелено.
Болсонаро неколкупати беше примен во болница откако за време на изборниот митинг во 2018 година беше прободен со нож во стомакот. Оттогаш беше опериран неколкупати, а претседател стана во 2019 година.
Бразилските медиуми јавуваат дека претседателот почувствувал непријатност за време на ручекот, пренесува Н1.