Средбата со Николае Чука се одржа на маргините на состанокот во Софија на премиерите на земјите членки на НАТО од ЈИЕ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил билатерана средба и со премиерот на Романија, Николае Чука на маргините на состанокот во Софија на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа.
Двајцата премиери, како што соопштија од Владата, изразиле задоволство од одличните билатерални односи, засновани на пријателство и меѓусебно почитување и заклучиле дека остануваат можности за дополнително унапредување на врските меѓу Романија и Северна Македонија во повеќе области.
Пријателството, рече на средбата Ковачевски, Северна Македонија го препознава и во силната поддршка од Романијаво остварувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ.
Премиерите Ковачевски и Чука се согласија дека војната во Украина е уште еден доказ за итноста од проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека тоа денес е безбедносно прашање за регионот и за Европа, соопштија од Владата.