Од кабинетот на Ковачевски најавуваат дека на маргините на состанокот тој ќе остави и билатерални средби со премиерите од регионот

Во Софија започна состанокот на четворицата шефови на влади од земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски. Главна тема ќе биде безбедноста поради ситуацијата во Украина.
Покрај Ковачевски и домаќинот, бугарскиот премиер Кирил Петков, учесници се и премиерите на Романија – Николае Чука и на Црна Гора – Здравко Кривокапиќ.
„Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина. Премиерите на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Република Бугарија, Кирил Петков, на Република Романија, Николае Чука и на Република Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа“,
соопштија од Владата.
Од кабинетот на Ковачевски најавуваат дека на маргините на состанокот тој ќе остави и билатерални средби со премиерите од регионот.





