Блинкен додаде дека Русија не вложува сериозни напори во преговорите со Украина за ставање крај на тринеделната војна
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја обвини Русија дека извршила воени злосторства со нападите врз цивили во Украина.
„Намерното таргетирање цивили е воено злосторство. По целото уништување во изминатите неколку недели, тешко ми е да заклучам дека Русите спротивно постапуваат“,
наведе Блинкен.
Тој најави дека американскиот претседател Џо Бајден на утрешната средба со кинескиот колега Си Џинпинг ќе го предупреди Пекинг да не и дава воена помош на Русија за нејзината војна во Украина.
„Претседателот Бајден утре ќе разговара со претседателот Си и јасно ќе стави до знаење дека Кина ќе сноси одговорност за какви било активности што ќе ги преземе за поддршка на руската агресија. И ние нема да се двоумиме да наметнеме трошоци“,
нагласи Блинкен.
Блинкен додаде дека Русија не вложува сериозни напори во преговорите со Украина за ставање крај на тринеделната војна.
„Од една страна, ја пофалуваме Украина што е на маса и покрај тоа што е под бомбардирање секоја минута од денот. Во исто време, не видов никакви значајни напори од страна на Русија“,
истакна Блинкен.