Украина во средата соопшти дека постои опасност од истекување на радијација во нуклеарната централа Чернобил, откако централата беше целосно исклучена од електрична енергија како резултат на дејствијата на руските трупи
Белорускиот претседател Александар Лукашенко им наложи на белоруските специјалисти да обезбедат снабдување со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил во Украина, објави денеска новинската агенција Белта, а пренесе Ројтерс.
Украина во средата соопшти дека постои опасност од истекување на радијација во нуклеарната централа Чернобил откако таа беше целосно исклучена на електрична енергија како резултат на дејствијата на руските напаѓачи.
„Резервните дизел-генератори имаат капацитет од 48 часа за напојување на нуклеарната централа Чорнобил. Потоа системите за ладење на складиштето за потрошено нуклеарно гориво ќе престанат да работат, со што ќе дојде до истекување на радијација“,
напиша вчера украинскиот министер за надворешни работи Кулеба на Твитер.
Спак, Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) соопшти дека не гледа критично влијание врз безбедноста на украинската нуклеарна централа Чернобил откако ѝ беше прекинат дотокот на електрична енергија.
Русија ги обвини украинските сили за напад на далноводи и трафостаница што ја снабдува електраната.