Чекорот на кои се одлучи компанијата следува откако претходно сопственикот на КФЦ изјави дека ги запира започнатите инвестиции во Русија. Меѓу последните компании и брендови кои најавија прекин на активностите во Русија се и Адидас, Келвин Клајн и Томи Хилфигер

Мекдоналдс привремено ги затвора своите ресторани во Русија кои ги има околу 850 во цела држава.
Синџирот ресторани за брза храна ужива голема популарност во Русија и ќе биде последна во листата западни компании кои барем привремено ја суспендираат работата на руска територија по инвазијата што оваа земја ја започна врз Украина.
Сепак, и покрај затворањето на рестораните, Мекдоналдс посочи дека ќе продолжи да ги исплаќа платите на своите околу 62 000 вработени лица.
Мекдоналдс, заедно со Кока кола и Пепси изминатиов период беа под голем притисок да го стопираат работењето во Русија.
Чекорот на кои се одлучи компанијата следува откако претходно сопственикот на КФЦ изјави дека ги запира започнатите инвестиции во Русија, иако засега нема потврда дали ќе ги затворат веќе отворените ресторани.
Меѓу последните компании и брендови кои најавија прекин на активностите во Русија се и Адидас, Келвин Клајн и Томи Хилфигер.