„Ова е најбрзорастечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, соопштуваат од Агенцијата за бегалци на ОН, а само во еден ден бројката на бегалци е зголемена за 200 илјади луѓе
Повеќе од еден милион и седумстотини илјади бегалци ја напуштија Украина од почеткот на руската воена инвазија. Во само еден ден, оваа бројка е зголемена за 200 илјади луѓе, соопштуваат од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
„Ова е најбрзорастечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“,
соопштуваат УНХЦР на Твитер.
Милиони луѓе се очекува дека ќе ја напуштат земјата во следните денови „освен доколу нема итен прекин на овој бесмислен конфликт“, објави организацијата на Твитер.
Според податоците на УНХЦР, бројот на украински бегалци кои заминаа во Полска, согласно 6 март, се искачи на над еден милион од почетокот на руската воена инвазија врз Украина.
Согласно 6 март, околу 180 илјади бегалци се засолниле во Унгарија а над 128 илјади побегнале во Словачка.
Во Молдавија заминале повеќе од 82 илјади бегалци, а речиси 79 илјади од вкупниот број на бегалци заминале во Романија.
Во останатите европски земји, пак, кои не се соседни на Украина, од војната избегале над 183 илјади лица.
Според УНХЦР, согласно податоците од 4 март во Белорусија побегнале само 406 лица, а согласно 3 март од Украина во Руската Федерација заминале над 53 илјади бегалци.
Воедно, канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска соопшти дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, може да ја потврди смртта на 406 цивили, вклучувајќи и 27 деца, но додаде дека вистинската бројка најверојатно ќе биде многу поголема, пренесуваат британските медиуми.