Според организацијата за човекови права ОВД-Инфо вкупно 13 028 лица досега се приведени на антивоените протести низ Русија откако Москва ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари
Околу 4 600 антивоени демонстранти се уапсени денеска во 64 града во Русија, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
Според агенцијата околу 2 500 луѓе учествувале на протестите во Москва денеска, од кои 1 700 се приведени.
Уште 1 500 луѓе протестирале во Санкт Петербург, каде се уапсени 750. Вкупно 1 200 лица учествувале на протестите низ другите делови на земјата, а 1 061 од нив се приведени.







„Уапсените се однесени во локалните полициски станици на сослушување каде се решава прашањето за нивно изведување пред лицето на правдата“,
изјавил портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Според организацијата за човекови права ОВД-Инфо, вкупно 13 028 лица досега се приведени на антивоените протести низ Русија откако Москва ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари.
Организацијата на вебстраницата ги објави списоците со имињата на сите приведени во изминатите денови.