Унгарија нема да испрати војници или оружје во Украина и нема да дозволи пратки со оружје да транзитираат преку нејзината територија, ова денеска го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, за време на посетата на Косово.
„Причината за донесување на оваа одлука е тоа што таквите испораки може да станат цели на непријателски воени дејствија и мораме да ја обезбедиме безбедноста на Унгарија и да пратиме порака дека не се вклучуваме во таа војна“,
рече Сијарто по средбата со косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала.
Информацијата беше потврдена од страна на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој сепак нагласи дека ќе Унгарија ќе и помогне на бегалците.
„На Европа и треба мир. Нема да дозволиме преку нашата територија да се пренесува оружје во Украина“, нагласи Орбан.