Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија
Неколку експлозии се слушнале во главниот град на Украина Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во Харков.
Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони „Антонов“ врз меѓународниот карго-аеродром во Гостомел, кој се наоѓа во областа Киев.

Украинските медиуми објавија дека војската соборила три хеликоптери на руските сили во близина на аеродромот.
„Во тек е битка. Соборени се 3 непријателски хеликоптери“,
изјави советникот на шефот на Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко, цитиран од агенциите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.
Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.