Охридската полиција во текот на изминатата ноќ одземала над 100 парчиња пастрмка која била нелегално уловена, соопшти МВР.
„Во водите на Охридското Езеро, спроти ’Свети Стефан‘, на околу 1 000 метри од брегот на езерото, полициските службеници пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми“,
велат од МВР.
Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.