Од Министерството за внатрешни работи апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила
Само денеска, полицијата санкционирала по околу сто возачи за брзо возење на териториите на СВР Битола, СВР Тетово и СВР Куманово. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи акциските контроли се направени во периодот од 12 до 18 часот.
На територијата на СВР Куманово се казнети 121 возач, од кои 101 во Куманово, 11 -Крива Паланка и 9- Кратово.
СВР Битола казниле вкупно 122 возачи, од кои 37 на територија на Ресен, 36 на територија на Битола, 30 на територија на Прилеп.
СВР Тетово санкционирале вкупно 184 возачи. Од нив 127 на територија на Тетово, а 57 на територија на Гостивар. Од овие 184 возачи, 59 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 11 со над 70 километри на час над дозволеното.

Вчера, во засилена акциска контрола ширум државата, полиција казнила 341 возач за брзо возење.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“,
порачаа од Министерството за внатрешни работи.