Пријавени се и 22 починати лица од кои 14 починале вчера, а според Регистарот за починати од Мој термин пријавени се и дополнително 8 починати лица со датум на смрт од трети до петнаесетти февруари. Од вкупниот број на починати, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети, информира Министерството за здравство
Во изминатите 24 часа направени се вкупно 3 513 тестови, а регистрирани се 1 117 нови случаи на ковид-19, од кои 154 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од заразените се од Скопје – 575, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица, 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 8 починати лица на возраст од 66 до 86 години. Од починатите, четири лица се починати во домашни, а четири во болнички услови. Нивната смрт е пријавена во периодот од трети до петнаесетти февруари.
Од вкупниот број на починати лица (22), кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe и 1 059 оздравени пациенти од: Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2, Валандово – 1.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 134 504, Активни 4 974
Куманово 15 903, Активни 392
Битола 13 905, Активни 413
Прилеп 13 349, Активни 254
Тетово 13 216, Активни 339
Кавадарци 9 906, Активни 345
Гостивар 9 292, Активни 179
Велес 9 184, Активни 339
Охрид 8 391, Активни 153
Штип 7 836, Активни 98
Струмица 7 787, Активни 214
Кичево 5 284, Активни 146
Кочани 4 889, Активни 93
Струга 4 589, Активни 77
Гевгелија 4 123, Активни 128
Неготино 3 539, Активни 148
Свети Николе 2 596, Активни 58
Ресен 2 525, Активни 57
Радовиш 2 449, Активни 61
Крива Паланка 2 338, Активни 57
Делчево 1 875, Активни 24
Берово 1 697, Активни 21
Дебар 1 578, Активни 36
Валандово 1 507, Активни 40
Виница 1 354, Активни 20
Пробиштип 1 281, Активни 10
Богданци 980, Активни 41
Кратово 920, Активни 18
Крушево 869, Активни 16
Демир Хисар 805, Активни 14
Македонски Брод 680, Активни 17
Демир Капија 536, Активни 20
Македонска Каменица 519, Активни 3
Пехчево 455, Активни 12
Дојран 254, Активни 4