Министрите за финансии од Групата 7 оценија дека руската акумулација на сили на украинските граници е причина за голема загриженост и предупредија дека доколку дојде до воена инвазија, како што стравува Западот, ќе има брзи последици за Русија
Министрите за финансии од Групата 7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД, Велика Британија и Канада) денеска соопштија дека се подготвени да воведат тешки економски санкции против Русија доколку таа ја нападне Украина.
Министрите оценија дека руската акумулација на сили на украинските граници е „причина за голема загриженост“ и предупредија дека доколку дојде до воена инвазија, како што стравува Западот, ќе има брзи последици за Русија.
„Повторуваме дека секоја натамошна воена агресија на Русија против Украина ќе предизвика брз, координиран и силен одговор. Подготвени сме колективно да воведеме економски и финансиски санкции кои ќе имаат огромни и непосредни последици за руската економија“,
се вели во заедничката изјава на министрите од Г7.
САД во последните денови тврдат дека разузнавачките служби сугерираат оти Русија може да планира инвазија на Украина „во секое време“ и проценува дека распоредила 130 000 војници во близина на украинската граница. Русија, пак, негира дека планира да ја нападне Украина и го обвинува Западот дека шири паника.