Француската полиција употреби солзавец врз учесниците во „конвојот на слободата“ кои протестираа во Париз поради епидемиолошките мерки и вакцинација против ковид-19, но и против социјалната политика.
Во меѓувреме од две до три илјади луѓе, меѓу кои и припадници на движењето жолти елеци маршираа против рестриктивните мерки, но и поради падот на животниот стандард и растот на инфлацијата.
Речиси 7 2000 полицајци биле ангажирани во Париз за да спречат блокада на Париз.
Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени поради ковид-19 синоќа пристигнаа во Париз и поставија шатори во предградијата на главниот град на Франција.