Во акциска контрола на територијата на СВР Скопје, денеска во периодот од 10:00 до 14:00 часот санкционирани се 85 пешаци кои направиле прекршоци. За небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин санкционирани се 63 пешаци, а 22 за минување на црвено светло, соопшти МВР.
За време на контролата регистрирани се и 57 останати прекршоци.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“,
наведуваат од МВР.
