Медалот му се доделува за неговиот исклучителен придонес за Србија во нејзините напори за проширување и подобрување на локалната уметничка заедница
Американскиот актер Џони Деп ќе биде награден со Златен медал за заслуги на Република Србија, за неговиот исклучителен придонес за Србија во нејзините напори за проширување и подобрување на локалната уметничка заедница, соопшти продуцентската куќа „Иерволино студио“.
Златниот медал ќе му биде врачен на 15 февруари, по повод Денот на државноста.
Деп беше во Белград во октомври 2021 година, кога ја промовираше анимираната серија „Puffins Impossible“, произведена во Србија, а создадена во студиото за продукција на анимирана содржина „Иерволино“.