Над 800 лица од правосудството биле опфатени со ситото на проверка, при што досега се донесени се 491 решение, од кои 183 потврдени, со кои судиите и обвинителите остануваат на функција
Координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија во Албанија, Таулант Бала, изјави дека обединувањето на власта и опозицијата околу ветингот е потврда за определбата за европската иднина на земјата, јави МИА.
Според него, ветингот е и суштински елемент за гарантирање на значително ниво на интегритет на судиите.
Тој уште со став дека денеска во Албанија има повеќе верба во правдата отколку претходно и ги презентира официјални бројки на судии и обвинители кои биле на проверка и колку од нив можеле или не да го оправдаат стекнатиот имот.
Над 800 субјекти биле опфатени со ситото на проверка. Притоа донесени се 491 решение, од нив 183 потврдени со кои субјектите остануваат на функцијата, а разрешени се 273 судии и обвинители. Во јуни, кога завршува мандатот на телата за проверка, незавршени би останале уште 300 предмети кои би биле префрлени на Високиот судски совет и на Обвинителството.
„Повторувам, со изгласувањето на уставните измени за продолжување на ветингот за уште 30 месеци победи Албанија“,
рече Бала.
Поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности или попознато како ветинг, што почна во 2017 година, во земјата веќе се чувствува дефицит од овој кадар.
Уставниот суд на Албанија не функционираше речиси три години бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии, меѓу нив и претседателот.
Идентична беше и со стојбатасо Врховниот суд. И двете институции почнаа да функционираат на почетокот на минатата година, иако сè уште има испразнети места.