„Политичките прашања се предмет на разговорот помеѓу министерствата за надворешни работи. Тие денеска имаат состанок во Софија и кога комисиите ќе имаат што да изјават тогаш тоа останува на нив заеднички да го направат. Во однос на Историската комисија треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите“, порача премиерот Ковачевски во однос на тоа како коментира одредени изјави на членови на Заедничката историска комисија со Бугарија
Треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања, истакна премиерот Ковачевски во однос на тоа како коментира одредени изјави на членови на Заедничката историска комисија со Бугарија, како и во однос на новиот пристап на работните групи меѓу двете земји.
„Историчарите работат според методологија, претседаваат двајца претседатели. Политичките прашања се предмет на разговорот помеѓу министерствата за надворешни работи. Тие денеска имаат состанок во Софија и кога комисиите ќе имаат што да изјават тогаш тоа останува на нив заеднички да го направат. Во однос на Историската комисија треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања“,
рече Ковачевски.
Тој потсети дека со Бугарија е отворен нов дијалошки пристап, при што се формирани работни групи кои веќе ја започнаа својата работа и истакна оти претставници на историската комисија исто така присуствувале на средбата на заедничката владина седница, што се одржа во Софија на крајот на јануари.
Во Софија денеска се одржува редовниот состанок меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања.
Состаноците на работните групи меѓу двете земји, ќе продолжат со најавеното темпо – четири до пет пати во месецот ќе се среќаваат делегации на двете земји за да разговараат за прашања од инфраструктурата, образованието, културата, евроинтеграциите, историјата.
Овој месец преговорите продолжуваат преку комисиите, при што на 14 ќе се состане Работната група за евроинтеграции, потоа на 21 Работната група за образование и на 28 февруари состанок ќе има Заедничката комисија за историски прашања.