Од починатите, 18 ја загубиле битката во изминатите 24 часа, додека 10 лица се со датум на смрт од 21 јануари до 7 февруари. Од вкупниот број починати (28), 17 биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети

Во изминатите 24 часа направени се 3 824 тестови, а регистрирани се 1 409 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Ова значи дека речиси 37 отсто од тестираните изминатото деноноќие биле позитивни.
Од вкупниот број на позитивни (1 409), регистрирани се 206 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1 455 оздравени пациенти од: Скопје – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица: Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1). Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Активни се 11 665 случаи: Речиси седум илјади се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283 547, бројот на оздравени пациенти е 263 196, на починати е 8 686, а бројот на активни случаи изнесува 11 665.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 130 451, Активни 6 955
- Куманово 15 552, Активни 489
- Битола 13545, Активни 528
- Прилеп 13 139, Активни 307
- Тетово 12 935, Активни 389
- Кавадарци 9 645, Активни 440
- Гостивар 9 140, Активни 251
- Велес 8 902, Активни 314
- Охрид 8 255, Активни 258
- Штип 7 720, Активни 122
- Струмица 7 594, Активни 253
- Кичево 5 140, Активни 120
- Кочани 4 819, Активни 140
- Струга 4 520, Активни 95
- Гевгелија 4 010, Активни 158
- Неготино 3 424, Активни 162
- Свети Николе 2 539, Активни 71
- Ресен 2 479, Активни 66
- Радовиш 2 394, Активни 89
- Крива Паланка 2 284, Активни 47
- Делчево 1 853, Активни 63
- Берово 1 676, Активни 23
- Дебар 1 541, Активни 23
- Валандово 1478, Активни 65
- Виница 1 334, Активни 29
- Пробиштип 1 270, Активни 11
- Богданци 956, Активни 58
- Кратово 909, Активни 29
- Крушево 851, Активни 12
- Демир Хисар 793, Активни 19
- Македонски Брод 669, Активни 29
- Демир Капија 521, Активни 18
- Македонска Каменица 517, Активни 13
- Пехчево 443, Активни 12
- Дојран 249, Активни 7