Во акциска контрола на полицијата денеска во Скопје санкционирани се 71 возач поради недавање предност на минување на пешаци.
Акцијата, како што вечерва соопшти Министерството за внатрешни работи, е спроведена во периодот од 15 до 20 часот.
„На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби“,
велат од МВР.
Од МВР апелираат и до возачите и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.