Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека генералната позиција на Кина и Русија може да биде основа за моќен сојуз меѓу двете земји, за кои вели дека се „противници на демократијата“.
Ваквото мислење Борел го искажа на прес-конференција во САД, која преку интернет беше пренесена од прес-службата за надворешна политика на ЕУ.
„Генералната позиција на Кина и Русија, која беше слабо забележана од Западот поради ситуацијата во Украина, може да стане основа за моќен сојуз меѓу два авторитарни режима“,
рече тој.
Борел истакна дека „конфронтацијата повеќе не е меѓу демократијата и комунизмот“.
„За разлика од Студената војна сега конфронтацијата не е меѓу демократијата и комунизмот, туку меѓу демократијата и авторитарните режими, како Русија и Кина“,
додаде тој.